Dynamica е CRM/ERP решение направено за македонски бизниси — со нашите фактури, нашето ДДВ и нашите фискални правила. Наместо еден голем систем што секој го плаќа цел, поделен е на шест пакети. Еве како да знаете кој е вашиот.
1 · Мејлинг
Маса е-маил кампањи со SMTP, шаблони, и статистики (open rate, кликови). Ваш е ако: имате листа клиенти и сакате да им праќате промоции и новости — а сега тоа го правите од Outlook (што е директен пат до спам).
2 · Понуди и Мејлинг
Сè од Мејлинг, плус изработка и испраќање понуди, со е-потпис и дигитално прифаќање и готови шаблони. Ваш е ако: живеете од понуди — градежништво, услуги, опрема — и сега ги правите во Word, па ги печатите за потпис.
3 · Понуди, Мејлинг и Фактурирање
Плус фактури со ДДВ, дигитален потпис + ЕДИ, онлајн плаќање преку CPay, и архива на документи. Ваш е ако: издавате фактури редовно и сакате клиентот да ја плати фактурата со картичка со еден клик — наместо да чекате уплатница.
4 · Малопродажба
Плус POS систем со фискален мост, магацин со баркод, КАСА и трговска книга. Ваш е ако: имате продавница или шанк — тука е целата малопродажба, поврзана со истите фактури и залиха.
5 · Книговодство
Плус книговодство со ДДВ-04 извештај, П&Л анализа и средства, плати и кадровска евиденција. Ваш е ако: водите книги внатре во фирмата или сте сметководствено биро.
6 · Gold — сите модули
Сите модули, AI помошник интегриран, неограничени корисници, приоритетна поддршка и custom развој по потреба. Ваш е ако: сакате сè на едно место и повеќе луѓе да работат истовремено.
Како да изберете (без грешка)
- Почнете од најголемата болка, не од најголемиот пакет. Ако губите време на понуди — земете понуди. Ако губите на фактури — фактурирање.
- Модулите се надградуваат: секој следен го содржи претходниот, па нема двојно плаќање ако растете.
- Месечна претплата, без долгорочни обврски — ако не ви одговара, престанувате.
Зошто локално решение
Странските системи се одлични додека не дојде ДДВ-04, фискалниот принтер или ЕДИ. Тогаш плаќате консултант да го премости она што кај нас е стандард. Dynamica е правена овде, за овдешните правила.