Класика: не се најавувате, кликате „Ја заборавивте лозинката“, и — мејлот не доаѓа. Еве ги трите начини, од наједноставен кон посериозен.
Начин 1: мејл за враќање (ако стигне)
Ако не доаѓа, најчесто WordPress не праќа мејлови воопшто (види ја статијата за SMTP). Проверете и спам. Ако е тоа — решете го SMTP-то, ќе ви треба и за нарачки и за форми.
Начин 2: преку phpMyAdmin (најсигурен)
- cPanel → phpMyAdmin → изберете ја базата на сајтот
- Прво: Export — направете копија пред било што
- Табела wp_users (префиксот може да е друг) → најдете го вашиот корисник → Edit
- Во полето user_pass: впишете нова лозинка, а во колоната Function изберете MD5 → Go
- Најавете се со новата и ВЕДНАШ сменете ја од профилот (WordPress ќе ја пре-шифрира правилно)
Начин 3: преку functions.php (за брзо)
Во cPanel → File Manager отворете ја темата (wp-content/themes/vasa-tema/functions.php) и на почетокот додајте повик на wp_set_password со нова лозинка и ID на корисникот (обично 1). Освежете го сајтот еднаш, најавете се — па задолжително избришете ја линијата, инаку лозинката се ресетира при секое вчитување.
Предупредувања
- Секогаш копија на базата прво — една погрешна колона и сајтот стои
- Не оставајте „привремени“ линии во functions.php — тоа е безбедносна дупка
- Ако сомневате дека некој ви влегол — не е заборавена лозинка, туку хакирање: сменете СЀ и прочитајте ја статијата за хакиран сајт
Полесно
Ако сајтот е кај нас — јавете се. Ја враќаме најавата за минути, безбедно, со проверка дали е заборавање или нешто посериозно.