Контакт формата е местото каде посетителот станува клиент. И токму таа најчесто е или преполна со полиња, или полна со спам, или — најлошо — тивко не праќа ништо.
Кој плагин
- WPForms Lite (бесплатен) — најлесен за почетници, влечење и пуштање
- Contact Form 7 — лесен и лесен за серверот, но поставките се потехнички
- Fluent Forms — брз, со многу можности во бесплатната верзија
Ако темата веќе носи форма — користете ја; помалку плагини, побрз сајт.
Колку полиња
Правило: секое дополнително поле кине дел од пријавите. За повеќето бизниси доволни се: име · е-маил (или телефон) · порака. Ако барате буџет, град, дејност, начин на контакт и „како дознавте за нас“ — добивате чиста база и празен инбокс.
Задолжително заради приватноста
- Чекбокс за согласност со линк кон политиката на приватност (не претходно штиклиран)
- Реченица зошто ги барате податоците
- Не собирајте повеќе отколку што ви треба (види ја статијата за приватност и колачиња)
Спамот — три нивоа заштита
- 1. Honeypot — скриено поле што луѓето не го гледаат, а ботовите го пополнуваат; ако е пополнето, пораката се отфрла. Бесплатно и невидливо за корисникот.
- 2. reCAPTCHA v3 или hCaptcha — работи во позадина, без досадни слики со семафори
- 3. Ограничување — минимална должина на порака, блокирање линкови во полето име
Ако сè уште добивате спам — најчесто адресата info@ е објавена како текст на сајтот; ботовите ја собираат. Прикажете ја како слика или преку формата.
Најважниот чекор што сите го прескокнуваат
Тестирајте ја формата. Испратете си порака САМИ, од телефон, и проверете дали стигнува (и во спам!). Ако не стигнува — не е формата, туку начинот на праќање: решението е SMTP (имаме посебна статија).
Ситници што носат клиенти
- Порака по праќање: „Ви благодариме, одговараме во рок од 24 часа“ — очекувањата смируваат
- Телефон видлив ДО формата — некои не сакаат да пишуваат
- Копија до вториот вработен — за да не чека пораката додека сте на пат