🔥 Не пропуштајте го попустот! До 20% попуст на пакетите — понудата завршува вечерва ⏳ --:--:--
🔒 Фиксна цена засекогаш Цената што ја земаш денес важи и за сите наредни обнови
Хостинг
🌐 Веб Хостинг 💼 Бизнис Хостинг ⚡ VPS Хостинг 🔧 WordPress Одржување
Услуги
🎨 Веб Дизајн (WordPress) 💻 Изработка по мерка 🛒 Изработка на Е-продавница 🏦 Банкарска интеграција 🧩 Плагини
Решенија
💻 Сите Решенија 🏦 Банкарски Модули ⚙️ Dynamica CRM/ERP
Компанија
📁 Проекти 📝 Блог ❓ FAQ 📩 Контакт
Јазик:
Тема
👤 Област за клиенти
✅ 30 дена гаранција за поврат
⚡ NVMe — до 10x побрзо
🛡️ DDoS заштита 24/7
🔒 Бесплатен SSL
🔄 Бесплатна миграција
📞 Поддршка на македонски и англиски
🏆 Listed Host 2026 · WHTop.com
⭐ Оценете нè на Trustpilot
🔁 99.9% Uptime гаранција
✅ 30 дена гаранција за поврат
⚡ NVMe — до 10x побрзо
🛡️ DDoS заштита 24/7
🔒 Бесплатен SSL
🔄 Бесплатна миграција
📞 Поддршка на македонски и англиски
🏆 Listed Host 2026 · WHTop.com
⭐ Оценете нè на Trustpilot
🔁 99.9% Uptime гаранција
Е-трговија

Масовен внес на производи со CSV — 500 производи за еден ден

Ако внесувате производ по производ и имате 300 — тоа се недели. WooCommerce има вграден увоз од CSV што истата работа ја прави за неколку часа. Еве го безбедниот пат.

Прво: копија

Секој увоз ја менува базата. Направете копија ПРЕД (види ја статијата за резервни копии). Ако нешто тргне наопаку со 500 производи, враќањето е една минута наместо еден ден.

Чекор 1: земете го шаблонот

Најлесно: внесете РАЧНО 2-3 производи што личат на останатите (со сите полиња што ви требаат), па Производи → Извоз (Export) → добивате CSV со точните колони. Тоа е вашиот шаблон — со него нема погодување.

Чекор 2: пополнете ја табелата

  • Name — име на производот
  • SKU — уникатна шифра (клучна за подоцнежни ажурирања!)
  • Regular price / Sale price
  • Categories — со > за подкатегорија: Мебел > Столици; повеќе одвоени со запирка
  • Images — целосни адреси до слики (може и на ваш сервер), одвоени со запирка; првата е главна
  • Stock, Weight, Description, Short description

Зачувајте како CSV со UTF-8 кодирање — инаку кирилицата станува прашалници.

Чекор 3: увоз

Производи → Увоз (Import) → изберете фајл → на екранот за мапирање проверете дека секоја колона е поврзана со точното поле → Run the importer. За 500 производи трае неколку минути.

Чекор 4: ажурирање на постоечки

Истиот увоз со штиклирано Update existing products ги менува производите со ист SKU. Така менувате цени или залихи на цел каталог: извоз → измена во табела → увоз назад.

Стапиците

  • Кирилица во прашалници — фајлот не е UTF-8 (во Excel: Save As → CSV UTF-8)
  • Дупли производи — празен или повторен SKU
  • Слики што не се вчитуваат — адресите мора да се јавно достапни во моментот на увоз
  • Прв пат на 500 — не; тестирајте со 5 реда, проверете како изгледаат, па целото

За поголеми каталози (илјадници, синхронизација со залиха од друг систем) — јавете се, тоа веќе е работа за автоматизација.

Помош со масовен внес и продавница →

📢 Сподели: Facebook X (Twitter) LinkedIn Viber

🚀 Подготвени за брз и сигурен хостинг?

ArkaHost нуди NVMe хостинг со бесплатен SSL, DDoS заштита и поддршка на македонски и англиски.

Погледни пакети →
✅ 30 дена гаранција за поврат
⚡ NVMe — до 10x побрзо
🛡️ DDoS заштита 24/7
🔒 Бесплатен SSL
🔄 Бесплатна миграција
📞 Поддршка на македонски и англиски
🏆 Listed Host 2026 · WHTop.com
⭐ Оценете нè на Trustpilot
🔁 99.9% Uptime гаранција
💳 Плаќање по договор
✅ 30 дена гаранција за поврат
⚡ NVMe — до 10x побрзо
🛡️ DDoS заштита 24/7
🔒 Бесплатен SSL
🔄 Бесплатна миграција
📞 Поддршка на македонски и англиски
🏆 Listed Host 2026 · WHTop.com
⭐ Оценете нè на Trustpilot
🔁 99.9% Uptime гаранција
💳 Плаќање по договор
📞Јави се 💜Viber 💚WhatsApp 🎫Отвори тикет