Најтивкиот и најскап баг: формата вели „Пораката е испратена“, а вие никогаш не ја добивате. Или клиентот нарача, а потврдата не стигнува. Луѓето мислат дека ги игнорирате.
Зошто се случува
WordPress стандардно праќа преку PHP mail() — функција што праќа мејл БЕЗ автентикација. Gmail, Outlook и останатите тоа го гледаат како сомнително: пораката оди во спам или се отфрла тивко. Ништо не е скршено во сајтот — само начинот на праќање е застарен.
Решението: SMTP (10 минути)
- 1. Инсталирајте WP Mail SMTP (бесплатен)
- 2. Направете е-пошта на вашиот домен во cPanel, пр. info@vasafirma.mk (ако веќе нема)
- 3. Во плагинот изберете Other SMTP и внесете: SMTP Host (mail.vasdomen.mk), порта 465 со SSL (или 587 со TLS), корисник = целата адреса, лозинка = лозинката на поштата
- 4. From Email = ИСТАТА адреса (не gmail — инаку пак завршувате во спам)
- 5. Пратете тест мејл од плагинот → треба да стигне за секунди
Ако сакате максимална испорачливост
За продавници со стотици мејлови дневно, наменски сервис (SendGrid, Brevo и слични) е посигурен од споделен сервер. За повеќето сајтови, SMTP преку вашиот домен е повеќе од доволен.
Ситниците што сите ги пропуштаат
- SPF и DKIM записи — тие му кажуваат на Gmail дека вие смеете да праќате од тој домен; кај нас се поставуваат автоматски, прашајте ако не сте сигурни
- From адреса што не постои (noreply@nekoj-domen) — сигурен пат до спам
- Тестирајте ги СИТЕ форми, не само контактот: нарачки, регистрации, враќање лозинка
Помош
Ако сајтот ви е кај нас, дајте ни знак — SMTP-то го поставуваме и тестираме бесплатно, вклучително и записите на доменот.
📘 Целото упатство на едно место: Работната табла чекор по чекор — со точни патеки во менито, нумерирани чекори и чести грешки.