Често поставувани прашања — ArkaHosting
❓ Прашања
Честопоставувани прашања
Одговори на најчестите прашања од нашите клиенти.
Колку брзо можете да го поставите мојот хостинг?
Хостингот се активира веднаш по уплатата — автоматски, 24/7. За веб дизајн проекти, работиме во рок од 7 до 20 дена зависно од пакетот. Уплатата се врши по завршувањето на работата.
Дали можам да го мигрирам мојот постоечки сајт?
Да! Нудиме бесплатна миграција на вашиот постоечки сајт — без прекин во работата и без загуба на податоци. Само ни кажете каде е хостиран и ние се грижиме за сè.
Дали нудите SSL сертификат и колку чини?
Секој хостинг пакет вклучува бесплатен Let's Encrypt SSL сертификат за сите домени. Сертификатот се инсталира автоматски и се обновува автоматски — не треба да правите ништо.
Колку PHP верзии се поддржани?
Поддржуваме PHP 5.4 до PHP 8.5, вклучувајќи ја и најновата PHP 8.5. Можете да ја менувате верзијата со еден клик од контролниот панел — без технички познавања.
Дали постои гаранција за поврат на средства?
Да — нудиме 30-дневна гаранција за поврат на средствата без прашања. Ако не сте задоволни во првите 30 дена, ги враќаме парите целосно.
Дали можам да надградам/деградирам пакет подоцна?
Апсолутно! Можете да го промените вашиот пакет во секое време. Само контактирајте нѐ и ќе го прилагодиме пакетот според вашите потреби без прекин во услугата.
Дали нудите поддршка на македонски и англиски јазик?
Да — целата поддршка е на македонски и англиски јазик. Директна комуникација со нашиот тим преку е-маил, телефон и Viber. Одговараме во рок од 24 часа работни денови.