Банкарски Модули — ArkaHosting
🏦 WordPress Плагини
Банкарски Модули за Online Плаќање
Готови WordPress/WooCommerce плагини за плаќање со картичка преку македонски банки. Ги развиваме и одржуваме ние — со 3D Secure, враќање на средства од самиот WooCommerce и автоматски ажурирања.
Популарен
CPay Премиум Модул
Комерцијална Банка — CPay
5.000 ден−20%
4.000ден
/ годишно · уплата по инсталација
- ✓Комерцијална Банка — CPay (CaSys)
- ✓3D Secure — картичката се внесува кај банката
- ✓Плаќање на рати — вие ги одредувате (2 до 12+)
- ✓Зачувани картички и претплати (API режим)
- ✓Враќање на средства со копче во WooCommerce
- ✓Работи и со новиот checkout (WooCommerce Blocks)
- ✓Тест режим — пробувате пред да пуштите во живо
- ✓Инсталација и конфигурација
- ✓Автоматски ажурирања преку WordPress
- ✓Премиум техничка поддршка 12 месеци
NLB Премиум Модул
NLB Банка платежна платформа
5.000 ден−20%
4.000ден
/ годишно · уплата по инсталација
- ✓NLB Банка — Bankart Gateway (API)
- ✓3D Secure — картичката се внесува кај банката
- ✓Зачувани картички и претплати (API режим)
- ✓Враќање на средства со копче во WooCommerce
- ✓Работи и со новиот checkout (WooCommerce Blocks)
- ✓Тест режим — пробувате пред да пуштите во живо
- ✓Инсталација и конфигурација
- ✓Автоматски ажурирања преку WordPress
- ✓Премиум техничка поддршка 12 месеци
Halk Bank Премиум Модул
Halk Bank платежна платформа
5.000 ден−20%
4.000ден
/ годишно · уплата по инсталација
- ✓Halk Bank — NestPay платформа
- ✓3D Secure — картичката се внесува кај банката
- ✓Проверен потпис на секоја трансакција (Hash v3)
- ✓Враќање на средства со копче во WooCommerce
- ✓Работи и со новиот checkout (WooCommerce Blocks)
- ✓Тест режим — пробувате пред да пуштите во живо
- ✓Инсталација и конфигурација
- ✓Автоматски ажурирања преку WordPress
- ✓Премиум техничка поддршка 12 месеци
Веќе го купивте модулот? Преземете го тука со вашиот лиценцен клуч →
Што точно добивате
Не е само фајл што ќе го качите и ќе се снаоѓате сами.
🛠️
Плагин што го правиме ние
Не е препродаден туѓ модул. Ние го пишуваме, па кога банката ќе смени нешто или WooCommerce ќе излезе со нова верзија — ние го средуваме.
⚙️
Поставување наместо вас
Го инсталираме, го поврзуваме со податоците од банката и правиме тест трансакција. Вие само ни ги давате податоците што ви ги дала банката.
🧾
Работа од админот, не од банката
Враќање на пари, проверка на статус и поништување — сè од порачката во WooCommerce. Не морате да влегувате во банкарскиот портал.
🔄
Ажурирања и поддршка
Нова верзија ви стигнува во WordPress како секој друг плагин — со едно копче. Плус 12 месеци поддршка кога нешто ќе запне.
💡
Пред да нарачате
Модулот е техничкиот дел. За да примате картички ви треба и договор со банката (тоа го склучувате вие со неа). Ако сè уште не сте почнале, кажете ни — ќе ви објасниме што да барате за да не се врти постапката.
🔒
Безбедно плаќање
SSL шифрирање и PCI DSS стандарди
⚡
Брза интеграција
Поставено за 1–2 работни дена
📊
Следење на трансакции
Целосна историја во WooCommerce
Често поставувани прашања
Што се банкарски модули?
Тоа се готови додатоци што го поврзуваат вашиот сајт (на пр. WooCommerce) со платежниот gateway на банката, за плаќање со картичка.
Дали модулот доаѓа со инсталација?
Да. Нудиме целосна инсталација, конфигурација со вашите банкарски акредитиви и една тест трансакција, така што продавницата е спремна да прима плаќања.
За кои платформи се достапни?
Модулите се достапни главно за WooCommerce (WordPress), но можеме да помогнеме и со интеграција на други платформи и сајтови по мерка.
Колку време трае поставувањето?
По обезбедување на договорот со банката и акредитивите, поставувањето и тестирањето обично се завршуваат брзо, и продавницата е спремна за прва продажба.
Дали модулот работи со 3D Secure?
Да — сите наши модули ја поддржуваат 3D Secure автентикацијата (Visa Secure / Mastercard ID Check), задолжителна за онлајн наплата и заштита и на купувачот и на трговецот.
Што ако банката ги смени техничките барања?
Ги следиме известувањата од процесорите и банките и го ажурираме модулот навреме — клиентите со одржување добиваат надградба без доплата.